Магазин

Ученици фармацевти од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп со отворен здравствено-фармацевтски настан во Прилеп (фото)

По повод денот на жената 8 март, ученици од прва, втора, трета и четврта година од здравствената струка, фармацевстки техничар при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп ќе одржат здравствено-фармацевстки отворен настан.

Настанот ќе се одржи на 01.03.2025 година со почеток во 10:30 часот, а неговата локација е под прилепската градска саат кула.

Младите ученици-фармацевти на отворениот здравствено-фармацевтски настан ќе мерат крвен притиок и шеќер во крвта, а во соработка и со поддршка од апетка „Зегин“ тие ќе мерат и витаминско-минерален статус.

Како што велат органозаторите целиот настан ќе биде пропратен со музичка забава за која ќе се погрижат младите музичари од прилепската музичка група The Doctors, а според орагнизаторите заедно со The Doctors музички настап ќе имаат многу млади музичари од Прилеп.

Инаку, на настанот од страна на учениците на посетителите ќе им бидат подарени симболични подароци.

Учениците и нивните професори ментори ги покануваат граѓаните да дојдат да го посетат настанот, да направат нешто добро за своето здравје и здравје на другите, и да уживаат во целата атмосфера на овој прв отворен од ваков вид здравствено-фармацевтки настан во Прилеп.

 

Христијан Ангелески известува од Прилеп за Музика 24

Можеби ќе ве интересира: