Учител на замена кој им предавал на првачиња во американскиот град Њу Џерси добил отказ откако на децата им рекол дека не постои Дедо Мраз. Тој на учениците од училиштето им рекол дека исто така измислени се и Велигденскиот зајак и Вилата за заби.
Окружната школска началничка Рене Ровтар потврди дека неименуваниот учител веќе не работи во тоа училиште. Таа истакна дека ја разбира важноста на “детското чудење и фантазија”, па по тој повод на Твитер постави фотографија со Дедо Мраз со порака: Јас верувам.
