За мазохистички настроените луѓе кон лутото, британска фирма пушта во продажба нов чили сос кој “имитира реакција” од убод од тарантула, објави весникот Метро. Новиот продукт е “Scientific Steve’s Venom Chilli Sauce”. Лутиот додаток кон јадења е така направена да имитира реакција од убод од отровната тарантула од видот Psalmopoeus cambridgei. Симптомите се мускулни грчења и силна болка. Новиот продукт е во продажба од англиска фирма со седиште во Кент.
“Во сосот има компонента која е еднаква по сила со тој на отровот на пајакот”, вели Стивен Трим, директор на фирмата. Сосот чини 6,5 фунти.
