Дортмунд го има најголемото божиќно дрво во Германија, високо 45 метри и тешко 40 тони, но тоа е производ од повеќе елки! Традицијата на конструираното божиќно дрво во Дортмунд е стара 20 години. На крајот на октомври почнува “изградбата” на божиќната елка во центарот на градот, што трае еден месец, и околу која потоа се “надоврзува” божиќниот панаѓур.
На посебна метална и дрвена конструкција се монтираат поединечните елки високи 3 до 5 метри, , вкупно 1700, и се украсуваат со светилки, исто така во рекорден број од 48.000.
