Во северно индиската држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, која е опремена со најсовремени средства за лечење на овие животни, важни за индиската култура, а која со тоа привлекува голем број локални но и странски туристи.
Во болницата првиот пациент е 49-годишната слоница Аша, која ја подигнала својата лева нога за да може лекарот да и ја санира повредата, а посетителите снимале со мобилен телефон, пренесе Ројтерс. Болницата се простира на повеќе од 12.000 квадратни метри, опремена меѓудругото со безжичен дигитален ренгенски уред, апарат за термографско снимање, ултрасонографски уред и карантински простории.
India gets its first dedicated elephant hospital via /r/UpliftingNews https://t.co/vU9xPCEzVn pic.twitter.com/d4VcMT4XqG
— Aadhil (@Aadhil69) November 18, 2018
Оваа установа е наменета за лекување на повредени, болни и стари слонови. Слоновите се важен дел од индиската култура и многу се присутни на фестивалите, а се користат и како туристичка атракција во северните и западните региони.
