Магазин

“X Factor Adria” наместен? (Фото)

Во последната епизода на настапите во живо на “X Factor Adria”, натпреварувањето го напушти нашата претставничка Фифи која беше дел од групата H2О. Публиката реагираше на нерегуларност кога е гласањето во прашање, но никој не одговори за истото. Цената на пораки за Македонија е најскапа. Нас едно не ни е јасно, како е можно ако е се регуларно ПР-от на телевизија Пинк на неговиот твитер во 16.46 минути да напише:

“Вечерва “X Factor”. Најдобар live до сега. Домашни хитови. Двајца натпреварувачи го напуштаат шоуто”.

Како е можно неколку часови пред да се случи натпреварувањето да се знае дека двајца натпреварувачи ќе го напуштат шоуто? Тоа и се случи, натрпеварувањето го напуштија Фифи и Маринела, дали Дарко Поповиќ има добри предвидувања или се се знае однапред? Останува да видиме што понатаму ќе се случува во ова шоу.

Untitled

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: