Музика на кирилица

Миле Кузмановски со нова песна и видео спот (Видео)

Познатиот македонски фолк пејач Миле Кузмановски, денес и официјално преку својот You Tube и facebook профил ја промовираше својата нова песна “Презиме”, а воедно и спотот за истата.

“Можам да ти дадам се, само ноќва нека потрае. Можам да ти дадам се, да те чувам како очиве. Можам да ти дадам се, убавице, цела љубов за тебе само не и ова презиме”, е само рефренот оваа нова љубовна балада на познатиот фолк пејач.

Како што вели самиот пејач, песната е вистинска приказна на заљубен пар чија шро љубов е забранета, ова е песна во која секој може да пронајде дел од себе си, своето минато и сегашност. Инаку, песната “Презиме” е комплетно дело на Алексансар Митевски (Торус продукција), а зад реализацијата на видео спотот стои Марјан Огненовски од Фабрика продукција. Видеот спотот е снимен во Сопиште односно во ресторанот “Мулино”, а како главни артисти во спотот, освен Миле, се појавуваат и Љупчо Крстев и Јелена Тасиќ.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете и воедно слушнете новиот хит на нашиот познат фолк пејач Миле Кузмановски.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: