Во рубриката 24 промо, денес Ви ја промовираме најновата песна на Бени Шакири кој заедно со “Нон Стоп” ја сними песната “Двије ружице” во студиото “Кусур” во Скопје. “Виновниците” за оваа песна се Драган Пејиќ кој ја подготви музиката и текстот и Бобан Василевски кој се погрижи за аранжманот. Дополнителна убавина на песната и дадоа Горан Станковиќ – Црни кој свиреше бас, Владмир Икономов – Хистер тапани и Бобан Василевски кои ги отсвири гитарите.
“Песната е наменета за целиот балкански регион, бидејќи ако може тука кај нас супер да поминува српска музика, можеме и ние да пееме на тој јазик, српско-хрватско-босанско-црногорски”, низ смеа изјави Бени.
Подготви: Андреја Андреевиќ
