Со музика и аранжман на Лазар Цветковски и текст на Магдалена Ена Цветковска, познатиот македонски фолк пејач Ѓоко Јовиќ неодамна ја промовираше љубовната и емотивна балада „Ако одиш“. Тој со оваа моќна песна ги изнанди своите фанови и публика која што претставува четврта песна по ред која што тој ја објавува годинава. Видеоспотот пак е снимен на повеќе атрактивни локации во продукција на М16 при турнејата на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд во Австралија.
„Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја осети енергијата и целата емоција која ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам“, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.
Како мало потсетување, претходно Јовиќ ги промовираше песните „Магија“, „Незаборавна“ која што дојде во ултра модерен ритам, како и народната „За четири наши дечиња“ со што пејачот покажа е неверојатен во повеќе жанрови и дека знае на вистински начин истите да ги донесе до публиката.
