Баладата “Врати ми го сонцето” е една од најпознатите македонски песни кои освен во Македонија, се пееше и слушаше и во неколкуте земји во регионот благодарение на неколкуте музичко-реални шоу програми кои имаат натпреварувачки карактер. Но само пејачката Александра јанева може онака емотивно да ја долови и претстави пред својата публика.
И како што речиси сите македонски музичари седат и од дома снимаат и се вклучуваат во живо, така и пејачката Александра Јанева на својот профил кој го има на апликацијата Тик Ток постираше видео каде на сите ни покажа од каде го има наследено тој одличен музички талент.
Таа сакајќи да ја отпее оваа песна во пијано верзија, од позадина и се приклучи нејзината мајка која рака на срце одлично пее. Па Александра само свиреше, во позадина се слушаше овој добро познат хит. На крајот од рефренот нејзината мајка ги избриша солзите.
Како звучеше сето ова, погледнете сами во продолжение:
https://www.facebook.com/JanevaAleksandra/videos/276422810186692/
