Стилисимо е единствена емисија за мода кај нас, се емитува на Прва во недела, еднаш месечно под лупа ќе ги става домашните артисти, нивиот изглед, она кое го облекле, нивниот вкус, невкус ќе биде на суд. Во првата епизода модната полиција беа Никола Ефтимов креатор, Катерина Трајановска, Ана Несторовска основачи на порталот Stylist.mk и Цаци Паковска автор и водител на Стилисимо. Овој пат мислење даваа за како нашите артисти изгледаа на Скопски фестивал.
Ја пофалија Кристина Арнаудова на која и препорачаа да не прави излети и најдобро и стојат кожени панталони, непредвидлива била, поинаква од другите, сама се подготвувавала за настапот и одлично го направила тоа. Но под итно да ја промени бојата на коса и препорача Цаци Паковска.
Димитар Андоновски имал лош избор кога е кошулата во прашање, не одговара за Скопски фестивал. Изборот на кошула како што носел тој беа дозволени само за Гоце Арнаудов, само тој можеше да ги износи, и никој друг. Кошула како што носеше тој забранети се за било кој. Џани Версаче модел од 90-ти години. Вниманието било насочено на кошулата, а не на песната што е погрешно.
Изгледот на Андријана Јаневска е премногу дискутабилен, рече Ефтимов, наместо гламурозен изглед изгледаше ефтино. На што останатите се сложија и додадоа: Силуетеата и е одлична, бојата на фустанот тмурна. Пејачките мора да сфатат дека не треба да се прешминкуваат, да не изгледаат нападно. Паковска не може нејзиниот талент за пеење да го спои со нејзиниот изглед, квази балски фустани за црвен килим со јака шминка.
Доколку во првиот стих се споменува храм тоа не значи дека треба да имаш принт како што имаше Елена Ристевска, колку се спремни нашите ѕвезди да земаат мотив кој е премногу искористен изминатава сезона особено од D&G, со тоа што кај нив беше искористен во форма на мозаик, форма на фустани кои го прикажуваат чедност со должина до под колена, но никако како што Ристевска го носеше. Aко горниот дел има има една приказна со долниот не одговара. Ана праша дали Ристевска сака да провоцира со апликацијата или сака да покаже колку е верник?
Лошата фризура на Дани го одзема вниманието, лошиот фустан кој повеќе открива е лош избор на Дани. Тешко е да се направи било каква комбинација со трико во ситуација кога некој има проблем со килажата, отцртува се. Следна на тапет беше Нина Јанева за која Ефтимов рече:
“Не сум најсреќен со тоа што сите луѓе имаат проблеми со тежината треба да има нешто толку маркантно, за да одвлече внимание од другиот дел на телото”, на што Паковска додаде, напротив привлекува внимание, јас кога ја гледам Нина гледам само крупна жена. Ана додаде, сметам дека дизајнерот направил лош спој на панк со елеганзија. Премногу елементи има кои се судираат, ништо не е компактно, се е лошо додаде Катерина.
Тамара Тодевска беше следна на тапет. Ана смета дека во моментов Тамара е во најдобра форма, го средила имиџот, ги има сите квалитети на поп ѕвезда, има фантастичен глас, харизма, однос на сцена. Соработката со Ивана Кнез одлично и дојде зошто Ивана го извади најдоброто од Тамара. Драматично, сексипил, елеганција во исто време.
Прилично одговараше за овој настап. Песната одлично се совпадна со изгледот. Добра шминка, добра фризура, добар избор на накит, но можеби нијансата на фустанот не е соодветна за на сцена, повеќе е за црвен килим, меѓутоа вака добро функционира, Катерина се надоврза, бојата на фустанот не ми се допаѓа, премногу светла, светла ткаенина не и одговара на Тамара. Во однос на стајлингот беспрекорна. Тамара никогаш не изгледала подобро од ова, сепак единствена мана е претесниот фустан.
Лоши кометари имаше и за победникот Ламбе кој не им се допаднал, кој бил копија на Жељко Јоксимовиќ. Изглед кој не одговара на неговите години. Верица Пандиловска добро помина со тоа што доби коментар дека играла на сигурна варијанта. Ристо Самарџиев доби негативни критики и се запрашаа зошто кошулата ја носи надвор? Сара Мејс премногу нападна била за модната полиција, лош корсет, премногу лак, се повторува, се движела на сцената како да плива.
Модната полиција си го кажа своето мислење кое се надеваме дека конструктивно ќе влиае на нашите артисти, дека нема никој да се налути, баш напротив ќе ги прифати критиките и ќе изгледа што подобро.
Подготви: Редакција Музика24
