Фолк пејачката Анастасија Петревска конечно ја зема дипломата од завршените студии во Благоевград во соседна Бугарија. Анастасија е една од ретките на фолк естрадата која има завршено музичка академија.
“Пресреќна сум што ја земав дипломата. Четири години посветив на мојата едукација, далеку од дома, но се исплатеше.Се надевам дека во скоро време ќе ми се исполни и желбата, која сега нема да ви ја откријам, но одкога ќе се случи со задоволство ќе ја споделам со вашите читатели”, изјави Анастасија за Mузика24. Покрај убавите работи кои и се случуваат, настапите кои ги има ова лето, Анастасија најде време и за себе, се одмори во соседна Грција, но е и на релација Скопје-Струга.
“Обврските кои ги имам во Скопје не ми дозволуваат да останам подолго во Струга, но секој слободен момент го користам да заминам во Струга да се одморам од настапите кои летово ги имам, она кое следно може да го очекувате од мене е настапот на “Лешочкиот фестивал” кој ќе се одржи кон крајот на август”, додаде Петревска. И посакуваме среќа, да и се исполни она кое го посакува и често да пишуваме за вакви убави работи.
Подготви: Редакција Музика24
