Музика на кирилица

“Андреналин Бенд” имаат своја летна шема (Видео)

Еден од поновите музички бендови на македонската музичка сцена е “Андреналин Бенд” кој што успешно функционира речиси година ипол. Овој бенд, за кој што ќе ви пишуваме во продолжение, е составен од неколку млади музичари, и како што може да забалежиме досега од она што го имаат сработено не се ни воопшто далеку од некои бендови кои постојат со години и децении на нашата македонска музичка сцена, на која што рака на срце и недостасува вакво музичко и ново освежување.

После одличната балада “После тебе”, која всушност беше преработка на еден познат грчки хит, тие неодамна го промовираа и своето ново видео за новата песна “Летна шема”. Лето е и сите ние си имаме свој начин на забава и релаксација од обврските и сето она што не уморува во текот на целата година, па мора да признаете дека секој од нас на свој начин си ја прави летната шема, зар не?

А каква летна шема имаат овие млади момци и што сакаат да ни кажат и порачаат, погледнете во видеото кое што ви го нудиме во продолжение… и уживајте 🙂

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: