Познатата македонска фолк пејачка и тв водителка на емисијата “Вкусот на традицијата” Андријана Алачки, која од самиот почеток се емитува на Телевизија Алфа, пред извесен период објави фотографија на својот Фејсбук профил од она кога таа била гостин во Обединетите Арапски Емирати. Како гостинка кај еден од шеиците каде и подготвувала македонска традиционалан храна и специјалитети од Македонија, била дарувана со огрлица од шеикот, претпоставуваме од превкусните македонски специјалитети кои Алачки ги има подготвено.
Таа објавувајќи ја неодамна фотографијата со шеикот, доби и интересни коментари од нејзините фанови меѓукои ќе ги издвоиме следниве:
“Андријанче, ти си срце само за некој шеик… многу сте ми убави” и “Те китат како за невеста, биди внимателна”, пишуваат нејзините фанови веднаш под објавената фотографија.
Освен пеењето и кулинарскиот тв проект, Алачки е позната и како организатор на големиот гастономски настан кој традиционално се оддржува во Струмица а се нарекува “ГастроМак”, каде што се натпреваруваат голем број на готвачи од речиси целиот свет. Како што дознаваме, за неколку дена Андријана Алачки ќе го прослави и својот 52 роденден, ние од се срце и го честитаме и и посакуваме многу здравје, успех и среќа во она што го работи.
Таа 25 години беше во брак со познатиот хармоникаш Горан Алачки со кого има и две деца, ќерката Грациела и синот Благоја. И покрај тоа што тие се разведени и за нив се пишува дека не се во добри односи, нивните блиски пријатели го негираат тоа и напротив велат дека и ден денес тие се и ќе бидат добри пријатели. Хармоникашот Алачки пак е во врска со тв водителката Марина Дојчиновска, автор и водител на проектот “Македониум”.
