Музика на кирилица

Антикризни мерки: Владата додели 61.5 милиони денари за 37 концерти и настани летово

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година и врз основа на петтиот пакет економски КОВИД-19 антикризни мерки, Владата објави јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Република Македонија, во периодот јуни – септември 2021.

На јавниот повик пристигнале 101 апликации, 53 биле оценувани во следна фаза, а за останатите било констатирано дека немаат уредна и потполна документација или дека не ги исполниле основните правила за аплицирање. Од 53 оценувани предлог проекти, со одлука на Владата на Македонија одобрени се средства за 37 проекти за организација на јавни настани во периодот јуни – септември, за што Владата обезбеди 61.499.421 денари.

Свои концерти и настапи ќе имат десетици македонски изведувачи како: Влатко Стефановски, Весна Гинова, Каролина Гочева, Туна, „Ареа“, „Ласт експедишн“, „Плутос даутс“, Лозано, Тамара Тодевска, Ристо Самарџиев, Зуица Лазова, Виолета Томовска, Круме Спасовски, Кристина Арнаудова, Дарио итн. Настаните ќе се одржуваат ширум земјава: Скопје, Битола, Крушево, Кокино, Тетово, Прилеп, Охрид, Ресен и многу други локации.

Листата на одобрени проекти може да ја најдете на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира: