Пинковата ѕвездичка Антониа Гиговска и Денис Димоски се победници на “Кастинг талент шоу”, кое во изминатиот период се емитуваше на Канал 5 телевизија. Антониа и Денис беа избрани од петчленето жири на шоуто во состав: Игор Џамбазов, Сара Мејс, Огнен Неделковски, Тања Кочовска и Игор Дурловски. Гиговска и Димоски ќе настапуваат во главните улоги во мјузиклот “Тајно моја” во Македонската опера и балет, посветен на Тоше Проески.
Првиот македонски мјузикл “Тајно моја” премиерно ќе биде прикажан на 10-ти март.
Подготви: Филип Етмишовски
