Музика на кирилица

Антонио Тасевски им пееше на нашите иселеници во Америка (Видео)

Македонскиот пејач Антонио Тасевски кој веќе 15 години живее во Америка, е редовен гостин на сите свадби, веридби и крштевки на нашите иселеници во Чикаго.

“Многумина од нашите иселеници ме викаат да им пеам македонски песни за нивните најубави моменти. Убаво е што е се негува традицијата за свадби, веридби и крштевки да се пее наша, македонска песна. Настапувам и во многу локали низ Чикаго, пеам и забавна и народна музика. Сакам да ги правам луѓето среќни”, вели младиот Антонио Тасевски.

Тасевски после воениот конфликт во 2001-та година заедно со своето семејство одлучиле да ја напуштат својата татковина и подобар живот да побараат во Америка. Негови идоли се Тоше Проески и Наум Петрески, а денеска заедно со својата сопруга има компанија за транспорт на автомобили.

Во продолжение слушнете како звучи во живо младиот пејач Антонио Тасевски…

Можеби ќе ве интересира: