Музика на кирилица

“Балкан фест” Солун, почестени со настап на Суперхикс

Суперхикс ќе го одржи својот прв концерт во соседна Грција после 19 години постоење. Тие утре ќе настапат на второто издание на “Балкан фест” со посебно место на фестивалот кој ги најавува како главни ѕвезди на ова издание. Тие се воедно и првиот македонски бенд кој настапува на овој фестивал. “Балкан фест” се одржува во Солун, а покрај најпопуларниот ска-бенд од регионов, на фестивалот настапуваат Баилдса од Грција и Оранитза од Бугарија.

“Балкан фест” пo огромниот успех на минатогодишното издание со илјадници посетители, се наметнува како еден од најголемите балкански фестивали, чија идеја е да ја потенцира балканската култура и различните карактеристики на луѓето од Југоисточна Европа, со цел да прерасне во мост кој ќе ги поврзува балканските култури и културни активисти. По овој настап на “Балкан фест” во Солун, овој шестчлен фуриозен состав се враќа на домашен терен во Струмица, со концерт во сабота на Струмичкиот карневал кој ќе се одржи на паркинг-просторот кај плоштадот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: