Битолската рап група “B-Clan”, за која што пишувавме и претходно, го најави нивниот трет видео запис заедно со Марија Станковска, на ист ден, ист месец и по една година од претходниот “Само една ноќ”, ќе ја промовираат новата песна и спотот за истата “До последен здив”. Песната е снимена во “Гимел студио”, додека за видеото се погрижија дечките од познатата битолска продукција Dream Cast Production.
Како што велат Дејан Мицкоски и Дарко Јоцковиќ од “B-Clan”, промоцијата е веќе закажана за 11-ти јули односно четврток во кафулето ” Connect” во 21.30. “B-Clan” преку нашиот портал Музика24 воедно ги покануваат сите нивни фанови, обожаватели, пријатели и колеги да присуствуваат на овој настан и да бидат дел од незаборавната журка која се ќе се памети со месеци. Доколку сте во Битола на 11-ти и сте дел од големата армија на фанови и почитувачи на музиката и работата на “B-Clan”, бидете дел од големата хип хоп промоција која нема да ве остави рамнодушни.
Подготви: Дениза Илиеска
