Додека цел свет е зафатен со апокалипсата или “судниот ден-крај на светот” кој што според сите информации треба да се случи на 21-ви декември, познатата македонска група Беј Д Фиш токму на овој ден ќе го промовираат албумот насловен “На крајот од песокот”. Тие најверојатно не се исплашиле, а нема ни зошто, од овој ден од кога официјално започнува зимата и ден кој што всушност претставува најдолгиот ден во цела година.
“Историја која што стои на стаклени нозе, археологија која се повеќе и повеќе закопува одошто откопува… Технологијата која од корисна алатка е претворена во корисник на алатка… Уметност претворена во маркетинг и пропаганда… Религија сведена на банкнота од еден долар… Човековото постоење без никаква вредност. Приказна која на оваа планета трае со илјадници години и која ако заврши на 21.12.2012, не треба да ни е страв од тоа дека ќе не снема, треба да ни е страв и срам од тоа дека не нема”, се вели во соопштението кое што овој бенд го испрати во нашата редакција.
Подготви: Александра Блажевска
