Музика на кирилица

Јоце Панов: Прво промоција, па потоа операција

Ако денес 12-ти декември беше закажано повторното статување на нашиот музички портал, овој пат редизајниран, ребрендиран и комплетно сменет, на овој ден ќе се одржи и промоцијата на Јоце Панов за видео записот “Љубовна религија” во хотелот “Сириус” во Струмица со почеток во 19 часот. Освен промоција на видео записот и настап во живо, на промоцијата премиерно ќе биде прикажан документарец за убавините на југоисточна Македонија.

Музика24 дознава дека неколку дена пред одржување на промоцијата, Јоце играјќи фудбал со своите другари го скинал менискусот од коленото. Поради големите болки кој што тој ги има, речиси едвај оди, а од неговиот менаџерски тим не известија дека сите закажани настани, освен промоцијата, се однапред одложени.

“Ова ми се случува по втор пат, прво беше на едното колено, сега на другото. Со менаџментот се обидуваме да направиме се за да не ги откажеме планираните настани, но сепак тоа ќе зависи од докторот по операцијата. Промоцијата во Струмица не ја откажуваме, макар и да морам да седам на својата промоција, ви ветив и таа ќе се оддржи!”, изјави Јоце Панов.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: