Бендот на покојната музичка ѕвезда Есма Реџепова, “Esma’s Band Next Generation” продолжува со настапи после смртта на Есма Реџепова Теодосиевска. Водечки вокал во бендот е Елеонора Мустафовска, која што самата Есма ја прогласи за своја наследничка. Во изминатиот период “Esma’s Band Next Generation” настапи на два големи европски фестивали, “Балкан трафик” на 22-ри април во Брисел и “Велкам Цигани” на 30-ти април во Ауч, Франција.
Покрај на двата фестивали бендот одржа и концерт во Париз во чест на Есма Реџепова. Бендот изведува познати хитови на Есма Реџепова, но и нови песни на самиот бенд. На концертите во Франција како гостин на бендот настапи и пејачот Ибуш Ибраимовски.
Подготви: Филип Етмишовски
