Музика на кирилица

Второ синче во семејството на музичарот Арбен Шаќири – Бени

Македонскиот рок пејач Арбен Шаќири или уште попознат како Бени од “Нон-Стоп” доби уште едно синче. Неговата сопруга Лиса пред неколку дена се породи во Клиничката болница “Аџибадем Систина”, каде на свет донесе здраво бебе тешко 3.250 грама, а долго 50 сантиметри. Мајката и бебето се чувствуваат одлично. Бени по овој убав повод за “Вест” изјави:

“Бебето ќе има две имиња. Ќе се вика Бен Хус. Тоа се кратенки од моето име и од името на татко ми Хисен”, изјави Бени. Младата двојка веќе го има две годишното синче Мик.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: