Музика на кирилица

Благоја Грујовски: За дочекот на Новата година ќе бидам во Швајцарија

Како што неодамна Ви пишувавме, со новата сезона на утринската емисија “Македонија денес” чија водителка е секогаш позитивната и насмеана Слободанка Илиевска, секое утро гледачите на националната телевизија 24 имаат можност кон крајот на емисијата да се забавуваат и да уживаат во ѕвездите на македонската музичка сцена.

Па токму пред некој ден, гостин во студиото на ТВ24 беше македонската фолк ѕвезда, фолк пејачот Благоја Грујовски кој со своето присуство и изведбата на неколку песни во живо го крена расположението како во студиото, веруваме и на гледачите пред малите екрани.

Освен што ги промовираше дел од своите нови хит песни, фолк пејачот Грујовски во врска со својата кариера и идни планови изјави:

“Веќе подолг временски период планирам да направам голем солистички концерт кој пред се ќе биде тематски, а во него планирам да го проширам оној дел кој што се однесува на гостите кои ќе се појават на концертот. Имам јас веќе некои идеи. Сакам да направам соработка со некои луѓе кои не се директно вклучени во мојата бранша, да го прошириме кругот на соработка. Имам доста убави луѓе со кои сакам да го направам тоа. Едно нешто што не споменав е соработката со Глигор Копров. Последниве 10-на години имаме песни цел албум да се направи, но никако тој да го склопам”, изјави фолк пејачот Благоја Грујовски во утринската емисија “Македонија денес”.

Покрај идејата за подготовка за нов солистички концерт и издавањето на новиот албум со песни од Глигор Копров, тој ексклузивно најави дека Новата година ќе ја дочека во Швајцарија, во францускиот дел, со нашите македонци кои долги години живеат и работат таму.

Можеби ќе ве интересира: