Музика на кирилица

Боби Спасенцовски: Следната година издавам албум со песни во етно стил

Неодмана познатиот македонски фолк пејач и музичар Боби Спасенцовски при гостување во тв емисијата “Македонија денес” на Телевизија24 изјави дека следната 2020-та година ќе издаде студиски албум со песни во етно стил.

“Тоа се мои авторски песни, засега веќе имам три такви композиции кои ги имам пуштено на YouTube. Пронајдов неколку теми онака како што би можело да наликува на што го пееле познатите стари македонски изведувачи на народна музика. Уште три песни треба да снимам и чекам од моите колеги музичари нешто да ми пуштат, да слушнам, преслушам, да одберам… Не би сакал да бидам јас комплетен автор на цел албум, не сум јас најпаметниот човек, треба некој да даде некаков придонес да се измеша малку, нели”, изјави пејачот Спасенцковски.

Тој меѓудругото откри дека за новогодишните празници ќе биде заедно со своето семејство и пријателите.

Можеби ќе ве интересира: