Познатите Цареви кули во Струмица, Центарот за култура во Кочани и А1 арената во Скопје, вчера вечер беа обоени во црвено. Под мотото #WeAreEvents и #RedAlert вчера вечер во организација на Асоцијацијата на евент индустријата – ИВАП нашата земја се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид-19, а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на раб на егзистенција.
Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе ширум светот привредуваат во оваа индустрија, а истата има значителен придонес во БДП на секоја земја. Особено е значајно културолошкото и социјалното влијание за населението.
