Во текот на вчерашниот ден, познатата и некогаш популарна поп пејачка Сузана Турунџиева, на својот YouTube канал постираше своја верзија на познатата македонска народна песна “Туѓината пуста да остане” пеејќи за тоа што е најактуелно во последните неколку месеци кај нас, коронавирусот.
“Короната пуста да остане” е најновата и во моментот најсподелувана песна на социјалните мрежи, и веруваме дека ќе стане голем хит барем во следните неколку дена и месеци. Таа пее за морето, за вториот бран, па дури и за третиот можен бран во декември за кој што ни СЗО не знае…
За што поточно пее Турунџиева, слушнете сами во продолжение:
