Пред само неколку дена се одржа десетото јубилејно издание на музичкиот фестивал “Тумба Фест”, кој традиционално се одржува во градот Куманово. На овој фестивал настапија голем број на познати музички имиња, а една од тие беше и познатата македонска фолк пејачка Елена Велевска.
Како и секогаш, предфестивалски, се поздрави со новинарите и замина со колегите, нешто што малкумина од музичка естрада знаат да го направат. И секоја и чест.
Таа на фестивалот настапи некаде кон крајот на фестивалската вечер со интересна песна. Меѓутоа, нешто што ни привлече внимание, барем на нас новинарите, е убавото розево фустанче кои беше залепено ус тело, а со самото тоа се наметна и прашањето дали Елена Велевска е трудна по четврти пат или пак е само малку поправена.

Одговорот се уште не го знаеме, но наскоро се надеваме дека ќе дознаеме дали Велевска навистина качила некое килце или пак ќе има принова во семејството.
