Давид Нешковски Трио во изминатите два месеци неуморно работи на реализација на нивниот најнов музички албум именувам “Today Tomorrow”. Десет композиции, специјални гости и многу новости. Ви го претставуваме првиот сингл од албумот наречен “Don’t you mind”, кој содржи македонска музика, наменета за домашната и странска публика.
https://www.youtube.com/watch?v=C_6bq4kRQfc
Промотивниот концерт за албумот ќе се одржи на 23-ти декември во Младинскиот културен центар во Скопје, во Дансинг Салата, со почеток од 20 часот. Специјален гостин ќе биде Дамјан Пејчиноски. Сите се поканети!
Извор: Вистина.мк
