Пејачот Димитар Андоновски изминативе неколку години е исклучително активен во создавање музика за театар. Народниот театар „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин денеска објави дека Андоновски е еден од лауератите на 72.Фестивал на професионални театари во Војводина. Тој е добитник на Награда за најдобра музика за претставата „Дон Жуан“ на Молиер, во режија на Андреј Цветановски поставена во Театар Стерија од Вршац. Одлуката на жирито била едногласна.
Оваа награда ми значи многу, затоа што е интернационална и ми дава мотив за уште поуспешни проекти во иднина. – вели Димитар.

