Музика на кирилица

„ДНК“ и нивната 23 годишна приказна- 1 дел (Фото+Видео)

„ДНК“ е македонски поп-дуо бенд формиран во 2001 година од Владимир Блажев, познат како Панчо, и Андреја Ѓорѓиески. Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје, додека пак Андреј е роден на 9 февруари 1982 година во Скопје, а семејството му се преселило на Косово кратко по неговото раѓање. Подоцна, тие се вратиле во Македонија и живееле во Дебар, родниот град на неговиот татко.

Андреј завршил нижо и средно музичко училиште и студирал на Музичката академија во Скопје. Неговата музичка кариера започнува со групата „ТНТ“, каде што бил член заедно со Живко Бадев и Виктор Крстевски. Панчо, пак, бил член на „ОК Бенд“ пред да се придружи на Андреј во „ДНК“.

Кариерата на „ДНК“ започнува во 2002 година со издавањето на нивниот прв сингл „Девојка за везден“, чиј автор е Александар Ристовски – Принц, кој им предложил да го земат името „ДНК“. Првиот вистински успех го доживеале со хитот „Благодарам однапред“ во 2004 година. Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија – К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од каде излегоа многу нови музички таленти.

Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, „ДНК“ стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на „ДНК“ се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени.

Продолжува…

Можеби ќе ве интересира: