“Одамна не сум напишал ништо. Одамна не ми дошло да напишам ништо. Впрочем, за да преживее човек во вакво мртво време, треба да е умртвен. И така, си седиме јас и Миа во еден локал и си јадеме. Почнувa “Un’Altra Te” од Ерос Рамацоти. И, во секунда почнувам да чувствувам комбинација на разни чувства. Првото е носталгија… је*и га, некако почетоков е сетен. Па желба да сум на концерт. Па нервоза, зошто одамна не сум бил на концерт. Па гордост зошто Авалон го донесе ова да свири live во Скопје. И на крај, желба да ви кажам од крај на јули Авалон ги враќа концертите во Македонија. А, 2022-ра ќе биде историски најјака со големи светски концерти. Затоа што, је*еш живот без музика и концерти”, напиша сопственикот на Авалон продукција.
Последниот концерт на Авалон продукција се одржа во септември на Стадионот на АРМ, кога концертниот викенд го затворија „Бајага и Инструктори“.
