Нашата позната македонска поп пејачка Викторија Лоба веќе извесен период се наоѓа во топлиот и убав Дубаи. И додека во Македонија степените се симнуваат и до минус, таа ужива на топлите плажи каде веруваме се наоѓа со своето омилено друштво. Лоба редовно своите фанови ги информира за тоа каде се наоѓа и како таа си поминува, споделувајќи фотографии на Инстаграм и Фејсбук профилите.

Искрено и посакуваме одличен помин и одлично да се одмори и прошета, незаборавајќи да користи заштитни маски со оглед на тоа дека се уште трае глабалната Ковид-19 пандемија.
