По настапот на “X Factor Adria” за многу брзо време стана многу познат на македонската и балканска јавност, Филип Јаневски или препознатлив како Фифи неодамна сними документарен филм. “Би се викал Барбара” е насловот на документарниот филм кој што режисерката и сценариска Ана Јакимска го сними за Фифи. А Фифи, во истиот ни ги открива двете животни и најголеми желби – најпрво да стане девојка, а веднаш потоа и популарна пејачка.
“Најважно во животот ми е да пронајдам љубов и мир. Одам по патот во животот и се повеќе и повеќе се пронаоѓам себе си. Се надевам дека еден ден ќе откријам која е мојата цел во овој свет”, вели Фифи во документарниот филм кој накратко го открива неговиот живот, во минатото и денес.
На филмот, освен Ана Јакимска, има работено и мала екипа од Факултетот за драмски уметности кои што во десет минутно видео парче ни презентираат нешто досега невидено на нашите простори. Во продолжение погледнете го документарниот филм за Фифи.
https://www.youtube.com/watch?v=uwi483SbVpU
Подготви: Александра Блажевска
