Музика на кирилица

“Доволни” – нов сингл и видео спот на Cyrillic и Валери Димовска (Видео)

Прилепското електронско дуо Cyrillic повторно не изненадува со нов сингл, а овој пат на браќата Андреј и Бојан им се придружи велешанката Валери Димовска. Резултатот од нивниот заеднички труд е насловен “Доволни”, а како автори на музиката и стиховите се самите Cyrillic и Дина Јашари со која ги снимија и хитовите “Во тебе се гледам”, “Feel Like” и “Right Here”. Продукцијата е исто така на Cyrillic, додека миксот и мастерингот им се заеднички со Iwayo (Иван Јованов), во чие студио е снимена и самата песна.

“Тимот што победува, не се менува”, велат Cyrillic, а новиот сингл е само уште еден во низата докази за успешната работа на македонските музичари. Сето тоа визуелно го заокружи режисерот Христијан Конески кој живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде што е и снимено видеото за новиот сингл. Уживајте во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: