Музика на кирилица

Селимова-Желчевски го одбележаа 50 годишниот јубилеј (Фото)

По повод 50 годишнината од нивната заедничка кариера, вчера вечер во Домот на АРМ познатиот македонски дует Селимова-Желчевски го одржаа својот солиситички концерт. Како што и беше најавено, дуетот ги отпеа сите песни кои се блиски до нашата публика, а и сите оние малку постари и секако препознатливи за македонската народна музика.

Присутните ја таа привилегија во живо да ги слушнат: “Марија, Марија”, “Бело лице љубам јас”, “Врати ми се”, “Лажи, лажи Вере”… и уште многу други кои македонската публика многу добро ги знае. Како гости на концертот се појавија членовите од КУД “Орце Николов”.

Селимова-Желчевски на вчерашниот солистички концерт во Домот на АРМВаков вид на музичка забава со македонската народна музика одамна не се случило во главниот град, се надеваме дека организаторите на концерти, малку повеќе ќе посветат внимание на народната музика и дека многу почето ќе имаме можност да се дружиме со нашите изведувачи-пејачи на народна музика.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: