Претставници на Здружение на џез музичари и слободни уметници денеска остварија средба со претседателот Стево Пендаровски.
На средбата се разговарало за нивната работа во развојот и афирмацијата на џез културата, како и предизвиците од пандемијата на Ковид – 19 со кои се соочува културата. Претседателот ги поддржал нивните заложби за споделувањето на искуства и подобрување на условите за изведба и создавање на квалитетна музика во земјава, како придонес за подобри културни политики.
