Музика на кирилица

Ефто Пупиновски концертно прославува 40 години од својата кариера

Како што пишува “Вечер”, познатиот македонски фолк пејач Ефто Пупиновски, по повод 40 години од неговата музичка фолк кариера и во знак на големиот хит “Туѓа си бескрајно”, кој што последниве две години е голем хит пред се кај младите во Македонија, на 16-ти мај Ефто Пупиновски ќе одржи голем солистички концерт во Универзалната сала.

“Тинке Катинке”, “Лихнида кајче веслаше”, “Прости ми душо моја”, “Ана”… ќе бидат само дел од песните кои Ефто ќе ги изведе пред присутната публика. На сцената, како што најавува организаторот, Ефто ќе го придружува бендот “Академци”, а како гости на неговиот солистички концерт ќе се појават познатата фолк пејачка Блага Петревска со која што Ефто ги има дуетите “Песната може се” и “Зоро моја Зорице” и актуелната на надалеку прочуена Анета Мицевска со групата “Молика”. Конецертот ќе го сними и одложно на својата програма ќе го емитува телевизија Сител.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: