Познатата професионална танчерка и фолк пејачка Електра незадоволна од третманот кој го има во Македонија, заминува и во наредните две години ќе живее и работи во Швајцарија. Таа за весникот “Вест” вели дека и се смачило од докажување на своите квалитети и затоа се решила за овој потег, а веднаш по враќањето од Швајцарија, со спечалените пари планира да започне сериозен проект тука кај нас. Таа меѓудругото за “Вест” изјави:
“Заминав во Швајцарија, каде што планирам турбо да работам. Веќе договорив многу настапи, а по две години, со спечалените пари, сакам да започнам некој проект во Македонија”, изјави Електра.
Таа е разочарана и од македонската фолк сцена каде што, според неа, не се цени квалитетот, туку успеваат само оние пејачки кои имаа силиконски гради и добро спонзори.
Подготви: Марија Поповска
