Музика на кирилица

Елена, Среќен роденден!

Денес познатата наша македонска, најпозната, посакувана и омилена пејачка Елена Ристеска-Ивановска го славеше својот 27-ми роденден. На својот фејсбук профил напиша:

“На овој ден веројатно сите се среќни, но јас го доживувам поинаку, тажна сум. Тажна сум за годините што изминале, за убавите моменти, за луѓето кои не се меѓу нас а со нив сме славеле родендени… Но кога “чепкајќи” низ спомените ќе наидам на нешта и ликови кои ми значат, кои ги сакам ,кои биле секогаш покрај мене, луѓе кои секогаш ме поддржувале и во најголемите подвизи, глупости, порази и успеси сфаќам дека јас всушност сум навистина многу среќна. Пред сè затоа што сум жива и здрава, потоа што имам навистина многу убави души во најблиското и во поширокото опкружување.Среќна сум што по 27ми пат го славам моето раѓање, и што ВЕ ИМАМ ВАС мои другари блиски и далечни, роднини, пријатели, обожаватели… Ви благодарам за честитките од срце и да ви врати животот само со убавини… ♥”

И ние, од музичкиот портал Музика24 и го честитаме роденденот на Елена, се надеваме не многу доцна, но сепак, и посакуваме пред се многу здравје, љубов, среќа… и во животот да ја следат само убави и позитивни нешта. Се најдобро!

Од редакцијата на Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: