Музика на кирилица

Елена Велевска без шминка

Помина кратко време одкога Елена Велевска на свет ја донесе Калија, но изгледа одлично. За не цели месец дена Велевска се врати во форма и изгледа одлично и на нејзиниот профил на фејсбук постираше фотографија на која нема ни грам шминка. Ретко кој од нашите јавни личности се решава на ваков чекор, но Елена без никаков проблем го направи тоа и мора да се признае дека изгледа одлично.

“Породувањето помина одлично, Калија е бебе кое секоја мајка би го посакала, мирна е и благодарение на тоа имав можност без никаков проблем да се вратам на настапите. Имав закажано настапи, настапувам секоја вечер. Напорно е, но среќна сум кога ќе видам весели луѓе. Имам безрезервна подршка и помош од Маријан, кој многу ми помага околу децата, секоја жена би посакала маж како Маријан”, изјави Елена ексклузивно за Музика24.

“Во моментов настапувам на веселби, но за многу кратко мојата публика ќе ја израдувам со нешто ново од мене, нова песна, ново видео нешто не својствено за мене но знам дека ќе им се допадне”, додава Велевска во изјавата за нашиот музички портал.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: