Фолк пејачката Елена Велевска за новодошната ноќ настапи во струмичката дискотека “Селект” каде предизвика “висок притисок”, настан кој ќе се памети долго. Преполната дискотека е доказ дека нашите пејачи имаат своја публика, но треба да им се даде простор за да го докажат тоа. Дискотеката “Селект” за двата дена во кои пеела Велевска имало повеќе од 5000 илјадна публика .
“Среќна сум. Одличен почеток на Новата година. Јас со Струмица сум емотивно врзана, пеев долги години и струмичани се одлична публика, тоа го докажаа на 31-ви и 1-ви. Неизмерно сум и благодарна”, изјави Велевска ексклузивно за Музика24. Настапот на Велевска е доказ дека публиката сака и има желба за да слуша домашна музика, се надеваме дека оваа година нашите артисти ќе имаат повеќе настапи, повеќе ќе бидат почитувани. Велевска уште еднаш докажа е на врвот на фолк музиката.



