Музика на кирилица

Феноменален настап на Џамбо Агушев во Мексико (Видео)

Одличниот виртуоз на трубата Џамбо Агушев заедно со неговиот матичен оркестар “Агушеви” пред извесен период имаа спектакуларен настап во Мексико во рамките на традиционалниот фестивал на трубата “Festival del Centro Historico”. Тие со своите обработки од балканската музика на автентичен начин изведоа низа песни со што наидоа на огромна поддршка од неколку илјадната публика која присуствуваше на самиот фестивал.

Несекојдневно, а сепак интересно за државата која љубезно ги пречека како прави професионални уметници во вистинска смисла на зборот.

“Чест ни беше што не удостоија да бидеме дел од реномираниот фестивал кој постои дури од 1985 година, а на таа сцена имаат настапено голем број на врвни уметници”, изјави Џамбо Агушев кој не ја криеше возбудата од самиот настап, воедно тие имаат настапи и во Словенија и Франција.

Во продолжение ви прикажуваме дел од атмосферата во Мексико со настап на Џамбо Агушев и оркестарот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: