Здравствената состојба на легендарниот Ферус Мустафов денеска ја изненади и загрижи македонската јавност. Откако вчера ја дементираше смртта, сега неговиот внук објасни што се случило.
„Се беше во ред со дедо ми, се беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар, и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто, еден лекар му ја тргна терапијата. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар. Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски. Целото семејство е покрај Ферус, кој е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје, и сите се молат да се разбуди од кома“, изјави Ферчо за Фокус.
Извор: fokus.mk
