Контроверзниот поп пејач Филип Јаневски алијас Фифи не престанува да ја интригира јавноста. На неговиот профил на Фејсбук постираше фотографија на кој на глава носи главица од кромид.
“Сликата е направена од зезање, јас живеам во Драчево, а Драчево е познат по одгледување на кромид и сакав да покажам дека сум горд на Драчево. Направив мала пауза кога е музиката во прашање, после “Намерно” нема ништо од мене, но во скоро време следуваат многу нови работи. Во септември ќе го промовирам документарецот кој е направен за мене, за она кое што сум јас, документарец во кој отворено зборувам за некои работи, а ќе мора да го погледнете за да ме сфатите за што зборувам. Јас сум пресреќен, задоволен како излезе, реакциите се одлични пуштен е трејлерот и веќе ја заинтригира јавноста, а што ќе биде кога ќе излезе?”, изјави Фифи за Музика24. А ние очекуваме уште интересни фотографии, нешто поразлично од она кои го прават нејзините колеги, премиера на документарецот и премиера на новата песна.
Подготви: Редакција Музика24
