Музика на кирилица

Филип Пешевски со провокативна фотосесија го најавува својот најнов музички проект (Фото)

На многу наврати досега сме пишувале за младиот, симпатичен и секогаш позитивен македонски поп пејач Филип Пешевски, сме промовирале нови песни и видео спотови, но овој пат има сосема поинаква причина и повод за сето тоа. Пред извесно време тој буквално се разголе пред фотоапаратот на Кокан Палашев од Велес, кој во новата фото-сесија Филип го претстави во ново поинакво светло, а за сето тоа да изгледа така Филип изминатите месеци одлично се потрудил и посветил внимание на себе си.

“Со месеци наназад работев на своето тело да изгледам како што јас, а можеби и како што другите тоа го посакуваат. Оваа година подготвен сум за на нудистичка плажа, а зошто и да не, имам што да покажам. Девојки, ако сте заинтересирани, ајде”, смеејќи се Филип ни даде кратка изјава во врска со неговата најнова фото-сесија која што всушност и претставува најава за новиот Филип Пешевски, новите проекти, песни и видео спотови кои тој ги подготвува во идниот период.

Тој за Музика24 откри дека наскоро за својата најнова песна (дело на Лазар и Магдалена Цветковска) ќе сними високобуџетен видео спот на песочните егзотични и преубави плажи во Саранда, Албанија. Па претпоставувајте, ако тој на фото-сесија се разголува и го покажува своето преубаво тело, тогаш може да си замислите што и се може да очекуваме од неговиот најнов видео спот, кој веруваме дека ќе биде вистински летен хит.

“Заедно со мојот тим го подготвуваме и планираме новиот видео спот кој што наскоро треба да го започнеме со снимање. Видео спотот ќе биде високобуџетен и се надевам дека ќе им се допадне на сите оние што ќе го погледнат. Верувам дека ќе имаме хит. Што се однесува до моето тело, интензивно вежбав и вежбам и според тренерите од кои добивам целосна поддршка одлично напредувам во оформување на телото, се надевам дека се забележува”, додава пејачот Филип Пешевски.

Ова младо момче минатата година дебитираше на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест” во Штип, инаку освен тоа, тој веќе подолго време е и вокал во групата “Арија” каде освен свои песни, заедно имаат снимено и неколку кавер верзии на познати македонски и балкански хит песни.

Можеби ќе ве интересира: