Музика на кирилица

Погледнете: Филип Пешевски има летен хит “Без оглед на се” (Видео)

Неодамна младиот а веќе познат и популарен македонски поп пејач Филип Пешевски заедно со одлично спакуваниот видео спот ја промовираше неговата нова, летна и динамична песна “Во живот врати ме”. Оваа песна која е комплетно дело на Лазар и Магдалена Цветковски, за само неколку дена стана вистински хит низ македонските радиостаници, како и дел од многу забавно-контактни летни тв емисии.

“Со овој видео спот сакав да го прикажам всушност тоа што сум јас, да биде интересно, убаво, но сепак природно и пред се летно. Овој пат мислам имам хит, односно, имам многу добра песна. Инаку спотот е сниман на различни локации во Саранда, која е прекрасна преку лето. Во видеото гостува Кјара Гоња, ќерката на познатата и сеуште популарна Хелена Роза која што изгледа одлично”, изјави Филип за музичкиот портал Музика24.

Што се однесува до видеото, кое рака на срце е одлично и на моменти и провокативно, истото е во реализација на “BlackMagic” продукција под режисерската палка на Никола Автовски.

Во продолжение уживајте!

Можеби ќе ве интересира: