Музика на кирилица

Фолк пејачот Миле Кузмановски најавува нов албум

Фолк пејачот Миле Кузмановски наскоро ќе снима две нови песни кои ќе се најдат на неговиот нов албум. Исто така, во план е и музичка турнеја за која се уште е во преговори.

“Се уште се актуелни моите три последни песни кои ги снимив лани. Сега малку одморам од снимање, но наскоро планирам да влезам во студио и да снимам две нови песни. Исто така, од пред две години излезе мојот последен албум, па секако дека е време за нов. Неодамна се вратив од турнеја од Швајцарија, каде имав многу настапи и од каде носам само позитивни впечатоци. Покрај тековните настапи што ги имам тука низ градовите во Македонија, во план е и нова турнеја, за која се уште сум во преговори”, изјави фолк пејачот за “Вест”, додавајќи дека зимскиот период ќе го искористи за малку одмор за да ги наполни батериите за работата која го очекува на музички план.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: