Музика на кирилица

Фолкерите и прославата на Нова година

Досега пишувавме за нашите поп пеачи и пеачки, но каде и со кого Новата година ќе ја прославуваат фолкерите? Порталот за фолк музика “Естрада Плус”  малку повеќе истражуваше на оваа тема и според нивните анкетирања помеѓу фолкерите, повеќето од фолк естрадата за пречекот на Новата година ќе работи. Некои од вас ќе прославуваат во домашна атосфера, некои на градските плоштади, некои пак во дискотеки или кафулиња, а има и такви што Новата година ќе ја прослават и дочекат во некој ресторан, хотел или објект каде ќе биде застапена новосоздадената фолк музика, тука не ги вклучуваме испадите од српскиот фолк кој исто така се слуша за време на овие празници.

Па така, Елена Велевска нашата македонска истаканата и доста позната фолк пеачка, Новата година ќе ја прослави во Америка каде ќе остане до стара нова година, Анета и групата Молика исто така ќе гостуваат во Америка, а нив друштво ќе им прави познатата Андријана Кеш, Сузана Гавазова ќе слави пак во Холандија, додека Благоја Груевски заедно со групата “Маестрал” ќе слават на наш терен, во градот под Марковите кули во Прилеп, Татјана Лазаревска со својот сопруг Новица ќе бидат во Охрид каде според фолк порталот се очекува најдобрата новогодишна забава за оваа година, Силвана Крстева ќе гостува во Германија, Слаѓана Столеска во Италија, додека Татијана во Кавадарци. Сузана Спасовска со младиот и надежен Спасен Силјановски ќе прославуваат со нашинците во Австралија, а со нив ќе бидат и групата Биоритам и Даниела Темелковска, Миле Кузмановски оваа година ќе прославува во Прилеп каде во некои од локалните ресторани ќе слави и Елена Јовчевска.

Како и да свртиме, дали сте во ресторан, отмен хотел, плоштад или пак дома со познатите домашни кифлички и руска, Новата година ќе дојде и нека ни е честита на сите нас, а од 1-ви јануари, веќе се ќе биде по старо. Барем одморете се бидејќи првиот ден од Новата година е неработен, но затоа од 2-ри повторно сите на работа.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: