Македонскиот диџеј и продуцент Галоски ја промовираше својата најнова трака насловена „Casualty“. „Casualty“ e во соработка со композиторите и текстописци од овогодинешната евровизиска песна на Ирска, a е објавена под етикетата на издавачката куќа „Chill Your Mind“ која веќе брои над милион следбеници на дигиталните платформи.
Уште официјално необјавена веќе имаше светска премиера и доби поддршка од најголемите глобални музички имиња од светската EDM сцена како Martin Garrix, Afrojack, Oliver Heldens, Sam Feldt, Bingo Players, Dannic и уште многу други, а веќе е и во топ 3 највртени траки на престижната „1001 tracklists“ листа на глобално ниво.
